Долгите судења се голем проблем и за луѓето и за државата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ефикасниот правосуден систем не е само еден од главните предуслови за создавањето на поволна инвестициска и бизнис-ориентирана средина, туку и клучна претпоставка за борба против криминалот и корупцијата и гаранција за основните човекови слободи и права, рече денеска министерот за правда Игор Филков на 15-тата сесија на Националната конвенција на ЕУ во Македонија.

Главен аспект пак на ефикасноста, на правосудството според министерот Филков, е должината на судските постапки.

– Странките пред судовите очекуваат нивните предмети да бидат решени од независни и професионални судии, со донесување на пресуди во разумен рок. Токму долготрајноста на постапките, за жал и 25 години по примената на Европската конвенција за човековите права, сè уште е една од најчестите повреди на човековите права, кои ги создаваат  самите судови. Па така, наместо судовите да ги штитат човековите права, тие истите ги повредуваат. Тоа е констатирано со бројните одлуки на Европскиот суд за човекови права против нашата држава, каде најчестите повреди се констатирани токму за правото на правично судење во разумен рок, согласно членот 6 од Европската конвенција за човекови права и основни слободи – рече Филков.

Во врска со Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, министерот Филков рече дека постојат разни начини за решавање на идентификуваните проблеми околу ефикасноста. Тоа се реформирање или изменување на процесното законодавство, воспоставување на рокови и временски рамки за одредени активности или фази на судските постапки, измена на судската мрежа и на надлежноста на судовите, создавање на електронски постапки за одредени видови на случаи.

– Ние ќе продолжиме со реформските чекори сè додека не се промени перцепцијата на граѓаните, но и оценките на Европската Комисија дека во нашата држава постои целосно реформиран и независен правосуден систем, поставен на здрави темели. Во изминатите три месеци имаше што да правиме и паралелно со тоа, анализиравме каде се слабостите. Врз основа на недоследностите, скандалите и контроверзните одлуки што се случија досега, за жал скоро секојдневно гледаме каде треба најмногу и најитно да се интервенира – изјави Филков.

Share This Article