Документарниот филм од два дела „Принцот Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ (Prince William: We Can End Homelessness) ќе биде прикажан на британската телевизија ИТВ на 30 и 31 октомври

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Документарниот филм од два дела „Принцот Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ (Prince William: We Can End Homelessness) ќе биде прикажан на британската телевизија ИТВ на 30 и 31 октомври. Деновиве во јавноста се појавија неколку кратки клипови, а во еден Вилијам (42) го споменува својот брат Хари (40). Тоа е првпат во последните шест години јавно да го спомнува. Тој јавно не го изговорил името на својот брат откако заедно присуствуваа на Форумот на Кралската фондација во 2018 година.

Принцот Вилијам се присети на моментот кога неговата покојна мајка принцезата Дијана првпат го однела во добротворната организација „Пасаж“ (The Passage), која им помага на бездомниците.

– Мајка ми ме однесе во „Пасаж“. Всушност, таа и мене и Хари нè одведе таму. Мислам дека имав 11 или можеби 10 години во тоа време. Никогаш дотогаш не сум бил на слично место, поради што бев малку загрижен, не знаев што ме чека таму – изјавил Вилијам.

– Мајка ми работеше како и обично, насмеана и шегувајќи се со сите. Се сеќавам дека тогаш си помислив: „Па, ако сите немаат дом, сите ќе бидат навистина тажни“. Но, неверојатно е колку тоа беше среќна средина. Се сеќавам на добрите разговори, играњето шах, разговорите и потоа помислив дека има и други луѓе кои немаат ист живот како мене – рекол принцот.

Хари и Вилијам присуствуваа на погребот на деверот на нивната мајка, лордот Роберт Фелоус, на крајот на август. Хари пристигна од САД за да присуствува на мисата во црквата Св. Мери во Снетишам, Англија, објави во тоа време британски „Сан“.

Тие седеа одвоено во задниот дел на црквата и не комуницираа. Долго време не се блиски, а британските медиуми пренесуваат дека не разговарале речиси две години.

Share This Article