д-р. Ахмед Мохалалати, хирург во болницата Ал-Шифа, изјави за Ал Џезира дека воздушните напади надвор од главниот медицински комплекс во Газа не престануваат од синоќа.
„Можете да слушнете многу истрели и тогаш знаете дека тенковите се приближуваат до болницата Ал-Шифа“, рече тој.
Мохалалати додаде дека постојаното таргетирање на Ал-Шифа од страна на израелската војска принудило многу пациенти да ја напуштат болницата „без третман или операција“.
Во текот на последниот месец, сите видоа дека ова е небезбедно место“, рече тој. „Наводно [ова] требаше да биде најбезбедното место“.
Мохалати, исто така, рече дека повикот на израелската армија луѓето да се преселат на југ заради безбедност е „голема лага“.
„Улицата Салах ал-Дин, за која велат дека е еден од најбезбедните начини да се дојде до југ, е полна со мртви тела, а потоа ги тераат луѓето да одат на долги растојанија“, додаде тој.