Доктор Чибишев дава совети за новогодишните прослави

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, секоја година, во овој период, испраќа искрени совети и препораки до граѓаните да внимаваат со алкохолот и со хранат Посебно загрижува тоа што малолетници секоја нова година завршуваат на Токсикологија поради тоа што го консумирале.

Во интервју за Курир тој испраќа апел од него до децата, нивните родители и до останатите граѓани – „не зборуваме за наивни последици од пијанство, говориме за животозагрозувачки состојби“.

– Покрај алкохолот се злоупотребуваат и лекови, медикаменти и опојни дроги. Што е уште потрагично и поопасно, се злоупотребуваат заедно со алкохол. Што е кај некои случаи фатална комбинација која може многу сериозно да го наруши здравјето. Посебно ако алкохолот се конзумира со седативи, односно со лекови кои се прилично злоупотребувани во Македонија, а тоа се Диезепам, Лексилиум, Хелекс – рече Чибишев во интервјуто за Курир.

Тој потенцира дека има такви што употребуваат алкохол со опојни дроги, со опијати, што е страшно опасна комбинација.

– Не сакам да кажам смртоносна, меѓутоа е животозагрозувачка. Јас сум среќен што нам не ни се случило, но во литературата има опишано многу смртни случаи при употреба на такви комбинации односно злоупотреба на алкохол заедно со опојни дроги или со одредени медикаменти – додаде директорот на Клиниката за тоскикологија.

Чибишев советува дека треба да се внимава и со исхраната.

– Сите сакаме да јадеме многу. Македонската традиција вели „за празници полна трпеза, многу јадење, многу пиење, алкохол“. Нашата храна изобилува со животински маснотии коишто можат да ни направат сериозни проблеми ако сето тоа го комбинираме и со алкохол. Ние најмногу се плашиме од состојби како што се акутно воспаление на панкреасот (акутен панкреатитис) којшто се јавува на сите возрасти кај состојби каде што има внесување голема количина храна која содржи животински маснотии и алкохол во комбинација. Во одреден момент може да настане пореметување на целиот процес на дигестија, враќање на сите ензими или сокови кои ги излачува панкреасот, а учествуваат во дигестијата на храната и панкреасот да почне самиот себе да се разградува. Опасни животозагрозувачки состојби. Тоа најмногу нè плаши. Затоа граѓаните да внимаваат со внесување храна, посебно маснотии и да внимаваат со внесување на алкохол. Јас не можам да им кажам да не се напијат ништо, а уште помалку како клинички токсиколог можам да им кажам „Слободно напијте се“ – потенцира тој.

Меѓутоа, вели тој, „една чаша убаво македонско вино, мислам дека ќе ни го подобри расположението и убаво ќе се чувствуваме.“ Сепак, тој советува да внимаваме во однос на внесувањето алкохол и препорачува никогаш да не се пие алкохолот без да се јаде непто.

– Ние велиме: „На гладно срце да не се пие“ и да не се пие без мезе – посочи Чибишев.

- Advertisement -
Ad image

Целото интервју на Чибишев за КУРИР можете да го погледнете во продолжение:

Share This Article