Изложеноста на инсектициди е поврзана со помала концентрација на спермата кај возрасните мажи, посочува нова анализа на 25 истражувања што опфаќаат распон од речиси 50 години. Според тимот научници од Италија и САД, ова е најтемелната анализа досега.
„Осознавањето на тоа како инсектицидите влијаат на концентрацијата на сперматозоидите кај луѓето е од клучно значење со оглед на распространетоста на проблемот во околината и документираните опасности по сексуалното здравје“, вели Лорен Елис, научник од Северозападниот Универзитет во Еванстон, Илиноис, САД.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.