Дојран и годинава ќе се наполни со туристи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење, покажаа последните испитувања на Центарот за јавно здравје Велес, направени во почетокот на јуни.

Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, прецизирајќи дека примероците за испитување на водата биле земени од Градската плажа, плажата кај хотелот „Полин“ и плажата „Гранико“.

– Резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со минатата година, односно ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето – објави Ангов.

Во текот на летниот период Центарот за јавно здравје Велес неколку пати зема примероци од езерската вода за тестирање.

Водостојот на Дојранското Езеро е намален за еден сантиметар, покажаа резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите на трите природни езера се пониски од просекот за јуни и тоа за 77 сантиметри кај Дојранското, за 1,94 метри кај Преспанското и за 12 сантиметри кај Охридското Езеро.

За разлика од езерата нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината или се блиску до просекот. Исклучок се реките Брегалница на мерното место кај Берово, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е значително понизок од просечниот

Share This Article