Дојче банк ја напушта Русија

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најголемата германска банка Дојче банк се приклучи на егзодусот на западните руски компании, објавувајќи на својата веб-страница во петокот дека е во процес на затворање на својот бизнис во Русија и дека повеќе нема да работи таму.Во соопштението, Дојче банк вели дека остро ја осудува руската инвазија на Украина и ја поддржува германската влада и нејзините сојузници во одбраната на демократијата и слободата.

-„Да појаснам: Дојче банк веќе значително ја намали својата изложеност во Русија од 2014 година. „Како и некои меѓународни компании, и во согласност со нашите законски и регулаторни обврски, ние сме во процес на затворање на нашиот преостанат бизнис во Русија, истовремено помагајќи им на нашите неруски мултинационални клиенти да го намалат своето работење“, се вели во соопштението.

Според Reuerst, банката во Русија издала заеми во износ од 1,4 милијарди евра.

Дојче банк има и технолошки центар во Русија, во кој се вработени 1.500 компјутерски експерти.Германската банка на тој начин им се придружи на голем број меѓународни компании кои најавија заминување од Русија, меѓу кои и американските банки Голдман Сакс и ЈП Морган Чејс.

Share This Article