Рано утрово низ Охрид има голем број дојави за наводно поставени бомби. Така рано изутрина има дојава за поставени бомби на Градски Грoбишта, хотел „Лаки“, ОУ „ Братство – Единство“ Охрид.
Според сознанијата кои ги има редакцијата, наводно биле испраќани пораки, а во моментов полицијата врши увид на сите локации. Сите вработени и ученици се евакуирани.