Зградата на градската управа во Тузла утринава била евакуирана поради дојава за поставена бомба, соопштија од полицискиот оддел МУП на кантонот Тузла.
Вработените се евакуирани и во тек е контрадиверзантски увид во просториите.
Чувар во зградата на Градската управа ја известил полицијата дека добил телефонски повик за бомба.
На терен излегле полицајци, пожарникари и екипа на Итната медицинска помош на Здравствениот дом во Тузла, како и Специјалната единица за поддршка со службено куче за откривање мини.
За овој настан е информирано кантоналното обвинителство од Тузла.