More

    Додик вели дека нема да подлегне на притисоци

    spot_img

    „Понудени ми беа за ослободувачка пресуда разни нешта, меѓу кои и централизација на Босна и Херцеговина, што јас нормално го одбив“.

    Вака изјави лидерот на босанските Срби Милорад Додик на конференција за новинарите во источно Сараево.

    Претседателот на Република Српска наведе дека одбил да се согласи и на решавање на прашањето со државниот имот, според кој единствен сопственик на имотот би била државата БиХ.

    Тоа е причината поради која, како што оцени, судскиот процес се усложнува и се обидува да се забрза, додавајќи дека „го нема тоа нешто што ќе може да го добијат, во овој настран процес, за да обезбедат нешто што не е во согласност со уставот“.

    – Значи, сè е лага – заклучи Додик.

    Тој повторно го негираше легитимитетот на високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит, постоењето на „Бонските овластувања“ кои на високиот претставник му даваат можност да наметнува закони, дури и постоењето на самата Канцеларија на високиот претставник (ОХР), истакнувајќи дека во Анексот 10 од Дејтонскиот договор пишува дека постои „персонал на високиот претставник“, а не ОХР како правно лице.

    Додик наведе дека е обвинет само затоа што, вршејќи ја својата уставна должност непотпишување на указот за прогласување два закони кои ги наметнал високиот претставник, искажал непочитување кон Шмит кој ги наметна тие закони.

    Во Судот на БиХ денес продолжи судењето на Додик и на вршителот на должноста директор на Службениот весник на РС Милош Лукиќ, поради неизвршување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img