More

    Додик вели дека „некои амбасади вежбаат врз нас“

    spot_img

    Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“.

    Додик оцени дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така.

    „Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите. Но, ние живееме во таква земја, каде што некои амбасади вежбаат врз нас, но и тоа ќе помине еден ден“, напиша Додик на својот Твитер профил.

    Според неговите зборови, БиХ е „невозможна земја, која е полигон за обука на американскиот амбасадор. Но, и тоа ќе помине“, рече Додик.

    Тој повтори дека Србите „не извршиле геноцид и дека тој бил измислен“.

    Високиот претставник во Босна и Херцеговина Крисатијан Шмит вчера ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница.

    Српската членка и претседавач со Претседателството Жељка Цвијановиќ изјави дека Отворен Балкан е добра иницијатива кон која треба да се приклучи БиХ.
    – Не е јасно зошто политичко Сараево го отфрла и има различни ставови за тоа прашање од Република Српска – рече Цвијановиќ.
    Таа посочи дека некои на Отворениот Балкан гледаат, како што рече, „голема Србија“ или „голема Албанија“, што, посочува, е сосема погрешно толкување, пренесе РТРС.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img