Српскиот член на Претседателството БиХ во технички мандат, Милорад Додик денеска повтори дека Република Српска сигурно ќе замине и со себе ќе ги однесе нејзините 49 отсто од БиХ, доколку не биде вратен Уставот на БиХ како што е договорен според Дејтонскиот договор.
„Народот на Република Српска на величенствениот собир во Бања Лука јасно покажа дека не сака антидејтонска и антиуставна БиХ”, наведе Додик на Твитер.
Тој се огласи брзо откако од Американската амбасада во БиХ, по повод митингот на владејачката коалиција од пред два дена во Бања Лука, беше соопштено дека секоја акција, преземена о цел распаѓање на БиХ, е кршење на Дејтонскиот мировен договор и ќе сноси тешки последици.
Додик напиша и дека „српскиот народ не мрази никого, но, не сака да дозволи овде да се создаде унитарна држава БиХ”.
„Не ја зборуваат вистината и не се во право оние кои велат дека не постојат лоши намери кон Република Српска. Им пречи сè што е српско, нашето знаме, а најмногу им пречи Република Српска”, додаде тој.