Претседателот на Република Српска Милорад Додик може да разговара за цената на гасот и новиот гасовод со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Москва, изјави руски функционер за новинската агенција РИА.
Планираната посета, за која РИА вели дека би можела да се случи утре, веќе наиде на остри критики од ЕУ, која протестираше против патувањето во Москва на официјален претставник од земја-кандидат за време на конфликтот во Украина.
„На средбата ќе се разговара и за цената на гасот. Можам да кажам дека веројатно ќе биде одобрена најдобрата цена – како за пријателските земји“, изјави Душко Перовиќ, шеф на претставништвото на Република Српска во Русија, пренесува РИА.
Да потсетиме, веќе е познато дека Додик одржува блиски односи со Русија и со претседателот Путин.
Официјалниот претставник исто така рече дека државната влада во Босна и Херцеговина се согласила да започне преговори со Србија за изградба на нов гасовод за транспорт на гас од Русија. Босна и Херцеговина добива руски гас преку Србија и Бугарија од подморскиот гасовод Турски тек.
Dodik patuva za Moskva, najavi što ḱe razgovara so Putin