Додик откри во кој случај Република Српска би прогласила независност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик изјави дека има пријатели во светот кои ќе спречат меѓународна воена интервенција во случај Република Српска да прогласи отцепување од Босна и Херцеговина.

Во интервју за ентитетот Телевизија на РС (РТРС), Додик се закани дека отцепувањето или прогласувањето на независна РС ќе следи во истиот момент кога високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид, на крајот ќе наметне закон за решавање на статусот и право на располагање со државен имот.

Тој вели дека има информации дека ваква одлука би можела да следи во јануари и најави дека во тој случај Собранието на РС веднаш ќе се состане и ќе прогласи отцепување.

Тој објасни дека тоа значи „независност (од Босна и Херцеговина) во сè“, со што РС нема да го спречи преминувањето низ нејзината територија, односно да воспостави „тврда“ граница кон Федерацијата Босна и Херцеговина, но тоа ќе го направи доколку e неопходно.

Меѓу останатите вести, Додик го назначи Александар Вулин, поранешен министер во владата на Србија, за сенатор во Сенатот на Република Српска.

Сенатот на РС е тело составено најмногу од 55 сенатори со мандат од седум години, а според Уставот на РС тоа се „истакнати личности од јавниот, научниот и културниот живот“. Сенатот бил формиран во 1992 година кога бил формиран Уставот на РС, а почнал со работа од 1997 година кога бил донсен Законот за Сенат.

 

Share This Article