„Веќе контактирав со надлежните органи за овој простор да се уреди, исчисти и искоси. Бидејќи верувам дека уживаат во одморот, решив сам да се занимавам со оваа работа! Последен пат ќе ја работам нивната работа.
Вака напиша Мирослав Додик, претседателот на Република Српска, на Твитер и објави видео во кое тој со коса го коси просторот меѓу сообраќајни ленти на автопат близу Бања Лука. Тој сакал да ги потсети градските власти дека треба да си ја работат својата работа.
Додик застанал на автопатот откако претходно претходно заминал од пресконференцијата којашто ја одржал за контроверзниот закон кој беше донесен во Народното собрание на Република Српска.
Законот се смета за упад во уставниот поредок на Босна и Херцеговина.