More

    Доделена наградата „Гоце Делчев“

    spot_img

    Професор д-р Нано Ружин, проф. д-р Трифче Сандев и д-р Александар Иомин и д-р Александар Василевски денеска ја примија државната награда „Гоце Делчев“ за делата „Балкански иконографии“, „Специјални функции на фракционо сметање: Апликации на дифузија и случајно пребарување“ и „Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Република Северна Македонија – идејна основа, ликовни извори и иконографска анализа“.

    Наградата се доделува за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката.

    На свечениот настан во Собранието за доделување на наградата се обрати министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој истакна дека државниот Буџет за научно истражување во 2022 и 2023 година е двојно зголемен во споредба со претходните години.

    – Значајна сума од националниот Буџет се издвојува за поттикнување на научните истражувања. Државниот буџет за научно истражување во 2022 и 2023 година е двојно зголемен во споредба со претходните години. Најголемата распределба на Буџетот е насочена кон финансирање на научно истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура во академијата и во јавните истражувачки институции – рече Шаќири.

    Според него, креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемо инвестирање во науката се приоритет во нашата земја.

    Според претседателот на одборот за доделување на наградата академик Љупчо Коцарев, научно-истражувачката дејност во земјава е целосно маргинализирана и сведена под неопходниот минимум.

    – Појава на квази научни трудови, трудови што се целосно плагијати, купени магистерски и докторски тези… Одамна се избришани мериторните правила според кои се цени објективниот квалитет, а секторот наука е системски планиран и намерно уништуван од независноста до денес. Денес, 30-тина години од прогласувањето на нејзината независност, Македонија е повторно поробена земја, протекторат. Изберете кој било од овие термини и нема да погрешите, а за тоа се криви македонските политичари кои изминатите 30-тина години поддржувајќи лукративни, сервилни, недостоинствени форми на владеење или дивеење, ја трансформираа од слободна земја во поробена земја во која целосно се суспендираат македонскиот уставен поредок и правен систем – рече Коцарев.

    Наградата „Гоце Делчев“ за прв пат била доделена во 1949 година, а прв добитник бил истакнатиот македонски книжевен културен работник академик поет прозеист есеист Блаже Конески. На настанот присуствуваа и министрите за одбрана, за внатрешни работи, за локална самоуправа, за култура Славјанка Петровска, Оливер Спасовски, Ристо Пенов и Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img