Додека го прославуваше својот 70-ти роденден во текот на викендот, акционата ѕвезда Џеки Чен се осврна на загриженоста на неговите обожаватели за неговиот изглед.
Откако минатиот месец на на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, почна да кружи фотографија од седокосиот Чен, многу обожаватели споделија во коментарите дека се загрижени за неговото здравје.
Чен завчера го одбележа својот роденден објавувајќи своја фотографија на различни филмски сетови низ неговата долга холивудска кариера. Во описот, актерот тврди дека „многу пријатели“ се загрижени за неговото здравје откако се појави фотографија од него со „бела брада“.
Иако сигурно не е невообичаено да се има бела коса на 70-годишна возраст, Чен да проговори за својот нов изглед.
„Неодамна, многу пријатели видоа некои од моите неодамнешни фотографии на интернет и сите беа загрижени за моето здравје. Сакам да ја искористам оваа прилика да ги известам сите, не грижете се! Тоа е само изгледот на ликот за мојот последен филм. Ликот бара од мене да имам бела коса, бела брада и да изгледам старо“, порачал славниот актер.
Чен, исто така, рече дека „секогаш бил подготвен да проба нови работи за филм, без разлика дали тоа е предизвикувачка кореографија или изглед на ликот“.
Во својата објава тој додал: „Уште многу порано моите пријатели ме потсетуваа: Џеки, ќе ти дојде 70-тиот роденден! Секогаш кога ќе го слушнев овој број, срцето ми застануваше за момент – веќе имам 70 години?“
„Да можеш да старееш е среќа. Особено за нас каскадерите, не знаете колку сме среќни што можеме да остариме“, додал Чен.
Познатиот актер истакнал дека со шоубизнисот се занимава веќе 62 години, додавајќи дека е среќен што снима и денес.