Свршеницата на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е во Катар, каде што од трибините го бодри својот партнер во текот на Светското првенство. Објавени се фотографии од неа и децата од луксузната ложа на стадионот и додека таа ужива во богатството, нејзината полусестра Патриција Родригез изнесува страшни обвинувања за неа.
– Слушнав многу гласини за ова во семејството. Таа се срами од мене и се смее, ужива во мојата моментална ситуација – рекла Патриција во емисијата „Socialite“, па ја нарекла Георгина „џган“ и велејќи дека таа е „лоша личност“.
„Јас не сум човек што сака конфликти, ниту сакам да се лутам на неа. Мислам дека мора да разговараме за тоа што се случило и да завршиме со тоа“, истакнала таа и додала дека не побарала ниту евро од Георгина.
„Никогаш не барав од неа да ми дава пари, единственото нешто што ја замолив беше да им помогне на моите деца.“
Како што рекла, таа помош би била поврзана со купување на книги за училиштето. Одговорот сѐ уште го чека.
Патриција нагласи дека Георгина лаже дека ѝ бара финансиска помош и се закани дека ќе објави „интересни“ информации за неа.
Полусестрата на Георгина Родригез од татковата страна, во претходната исповед изјави дека таа и нејзините деца понекогаш немаат ни храна, а потоа спомена дека ѝ се обратила на свршеницата на Роналдо исклучиво поради своите деца. Откри дека славната богаташка никогаш не ѝ помогнала.
Со Георгина во Катар е и нејзината друга сестра Ивана Родригез, со која е многу блиска.