More

    Добро познат лек кој многу се споменуваше за време на пандемијата на ковид-19 итно се повлекува од пазарот во Хрватска

    spot_img

    Добро познат лек кој многу се споменуваше за време на пандемијата на ковид-19 итно се повлекува од пазарот во Хрватска. Станува збор за лекот Ивермектин, кој исто така ни е познат.

    Компанијата Медика, дистрибутер на лекот Соолантра крем (Ивермектин), во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Република Хрватска, од хрватскиот пазар повлекува серија 2414239А од тој лек, пишува Слободна Даламација.

    Повлекувањето се врши до ниво на аптека. Постапката за отповикување се спроведува поради дефект на квалитетот поврзан со контаминација што не претставува ризик по здравјето.

    Понатаму се наведува дека Ивермектинот ќе биде достапен по барање на здравствена установа или за неопходни случаи на лекување со индивидуален рецепт.

    Таблетите Ивермектин се одобрени во ЕУ за третман на некои паразитски инфекции со црви, додека препаратите за кожата со Ивермектин се одобрени за третман на кожни заболувања како што е розацеа. Ивермектин е исто така одобрен како ветеринарен лек за употреба против паразити во широк спектар на животински видови.

    Лековите што содржат Ивермектин не се одобрени за употреба против болеста ковид-19, иако луѓето ги купуваа во аптеки за време на пандемијата. Бројни студии покажаа дека Ивермектинот не лечи ковид-19, ниту помага во ублажување на симптомите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img