More

    Добро е што излеговме од сложениот процес на арбитража со Синохидро, рече Мицкоски

    spot_img

    Постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства кои сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, повеќе за граѓаните, повеќе за капитални инвестиции. Добро е што излеговме од тој сложен процес без да бидеме подложни на пенали, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во текот на настанот организиран во Стопанската комора за одлуката на кинеската компанија Синохидро за повлекување од спорот против државата за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

    – Тоа е арбитража која што ја има започнато подизведувач кон Синохидро, а Синохидро кон државата. Со аргументиран пристап, можам да кажам дека, во изминатите 30 дена се обезбеди таа арбитража да биде повлечена. Инаку постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства кои сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, повеќе за граѓаните, повеќе за капитални инвестиции. Добро е што излеговме од тој сложен процес без да бидеме подложни на пенали – истакна Мицкоски и дополни дека се работи за спор кој настанал од подизведувач поврзан со имотно правни односи кои му оневозможиле непречено да работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img