„Добив Оскар, а подоцна јадев на подот во мојата соба“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кариерата на актерката Никол Кидман (56) беше на врвот пред 21 година. Таа штотуку доби Оскар за Вирџинија Вулф во филмот „Часови“, а дури сега му откри на авторот Дејв Каргер дека тоа било еден од најтешките периоди во нејзиниот живот.

Имено, таа во тоа време се разведе од колегата Том Круз со кој беше во брак 11 години.

– И додека на професионален план сè беше идилично, во приватниот живот јас се борев. Но, тоа се случува, нели? – рекла таа во книгата на Крагер „50 ноќи на Оскар“, а пренесува „Пипл“.

За малку ќе се „скршела“ на сцената додека го земала Оскарот, но успеала да се собере и да го заврши својот говор. Потоа, отишла дома и ја прескокнала традиционалната постоскоровска забава на „Ванити фер“.

– Јас не сум некоја што сака многу забава, но сите ме наговараа да одам да прошетам со статуетката во рака. Тоа ми изгледаше како да се фалам – раскажала Никол.

– Отидов дома, нарачав достава и завршив јадејќи вечера на подот во мојата соба во хотелот „Беверли Хилс“. Седнав на подот и јадев помфрит и плескавица со моето семејство, по што си легнав. Дури тогаш сè ме погоди и сфатив дека морам да најдам љубов, бидејќи таа ми е потребна во животот. Отидов да легнам во кревет, и тоа пред полноќ. Денес, доколку повторно би освоила Оскар, не би се вратила дома цел ден – раскажала Никол.

И конечно ја најде љубовта со пејачот Кит Урбан, со кој е во брак од 2006 година. Заедно имаат две деца.

Share This Article