На лотаријата на 24 септември џекпот од речиси 10 милиони евра доби Курсат Ј.(41) од Дортмунд. Добитното лото ливче го уплати во населбата Нордштад во Дортмунд на 22 септември.
Чико, како што го нарекуваат пријателите, за медиумите изјавил дека заборавил на лото тикетот и го побарал дури кога во весникот прочитал дека е извлечен џекпот од 9.927.511,60 евра. Победничките бројки ги споредил неговиот најдобар пријател.
Еден пријател тогаш му се јавил и му рекол: „Длабоко вдиши“. Ти не си милионер, ти си мултимилионер!“
„Веднаш истрчав кај моите родители и им кажав за неверојатната победа. Едвај можев да дишам, врескајќи од среќа додека трчав низ улиците кај моите родители. Сите мислеа дека сум луд. Плачев дома. И реков на мајка ми: Мамо, ние сме богати“, рече тој.
Курсат Ј. рекол дека имал 12 години кога заедно со неговите родители ја напуштиле Турција и дошле во Германија. Кога пораснал, го научил занаетот во ThyssenKrupp AG, германски конгломерат познат по производство на автоделови.
„Во еден момент скршнав од вистинскиот пат, паднав во долгови и играв лотарија со години. Освоив, но изгубив и илјадници евра. Јас бев црната овца на моето семејство“, изјави Курсат Ј.
Кога ги добил парите од лотаријата, дал отказ и купил Ферари, Порше, скап часовник и омиленото кафуле.
Лотаријата редовно ги предупредува добитниците да не зборуваат за нивните добивки, но Курсат Ј. не се грижи. „Сите треба да знаат колку сум богат“, вели тој, пренесува списанието Феникс.