Доаѓаат првите резултати од домаќинското и посветено работење на Владата – Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За прв пат после 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во третото тромесечје од 2024 година.

Како Владата ветивме фуриозен почеток и домаќинско работење. Тоа се реализира.

Доаѓаат првите резултати, според Државниот завод за статистика, раст на бруто домашниот производ во третото тромесечје односно месеците јули, август и септември од 3 проценти.

Овој раст на БДП од 3 проценти за македонската економија е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа.

Споредбено само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, додека пак во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија од 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, додека пак Словенија има 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија и други држави.

Како Влада очекуваме раст на БДП и во четвртиот квартал со што на годишно ниво би се доближиле од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти на Светска Банка.

Како Влада преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, како и привлекување на странски директни инвестиции се со цел да ја придвижиме економијата и да поттикнеме економскиот развој.

Ветивме и се обврзавме како Владата дека ќе ја трансформираме Македонија напред.

Овие бројки се показател дека Владата работи посветено, одговорно и ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

Економијата е најважниот сегмент на работата на Владата.

Продолжуваме посветено!

Share This Article