More

    Доаѓа зима во Европа, за наредната недела најавени снежни врнежи во Германија

    spot_img

    Во Германија доаѓа зима, најавуваат германските метеоролози, а падот на температурите следната недела може да ги донесе дури и првите снежни врнежи.

    Термометарот се искачи на над 25 степени во некои сојузни покраини во Германија во октомври. Откако септември веќе достигна рекордни температури, и октомври започна со летни температури. Но, на долгото топло лето му доаѓа крајот, а во Германија наскоро може да падне и првиот снег, пренесува магазинот Феникс.

    Според прогнозата на германските метеоролози, времето во Германија ќе биде многу посвежо од 15 октомври и ќе завршат деновите со температури над 25 степени, пишуваат германските медиуми.

    Европскиот временски модел покажува дека од викендот и следната недела кон Германија ќе се движат постудени воздушни маси. На надморска височина од 1.500 метри температурата паѓа на -2 до -1 степен. Совршени услови за првиот снег.

    Од следниот вторник оваа комбинација може да доведе до снег меѓу 600 и 700 метри надморска височина. Ова не е нималку невообичаено за средината на октомври, нагласуваат метеоролозите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img