More

    Доаѓа зима во Европа: Температурите би можеле да паднат под нулата, а можен е и снег

    spot_img

    Во Германија доаѓа зима, најавуваат германските метеоролози, а падот на температурите следната недела може да ги донесе дури и првите снежни врнежи.

    Термометарот се искачи на над 25 степени во некои сојузни покраини во Германија во октомври. Откако септември веќе достигна рекордни температури, и октомври започна со летни температури. Но, тоа наскоро би можело да биде готово, првиот снег наскоро би можел да падне во Германија, пренесува магазинот Феникс.

    Наскоро во некои делови на Германија може да се забележат првите снегулки. Според прогнозата на германските метеоролози, времето во Германија ќе биде многу посвежо од 15 октомври. Конечно би можеле да завршат деновите со температури над 25 степени, пишуваат германските медиуми.

    Европскиот временски модел покажува дека од викендот и следната недела кон Германија ќе се движат постудени воздушни маси. На едноставен јазик – на надморска височина од 1.500 метри температурата паѓа на -2 до -1 степен. Совршени услови за првиот снег.

    Од следниот вторник оваа комбинација може да доведе до снег меѓу 600 и 700 метри надморска височина. Ова не е нималку невообичаено за средината на октомври, нагласува метеорологот.

    Следните денови ќе покажат дали Германија навистина мора да се подготви за првиот снег. Има уште време за осцилации во временските прогнози, објаснува метеорологот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img