До петок малку дожд, а потоа уште еден речиси летен викенд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

До петок времето ќе биде променливо облачно и ветровито со локални врнежи од дожд. Утре врнежи ќе има претежно во јужните делови и ќе бидат проследени со грмежи. В петок врнежи се очекуваат кон крајот на денот, особено во северозападните делови. Но, од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време, соопшти УХМР.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 6 до 15 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 28 степени.

И метеопрогнозерот Славчо Поповски прогнозира дека до самиот крај на овој месец нашата територија ќе се наоѓа под влијание на јужно и на југозападно воздушно струење, како и на топла воздушна маса од југ. Токму ова ќе условува и понатаму да имаме невообичаено топло време за овој период од годината, а ќе биде спарно и мачно.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 27 степени.

Share This Article