More

    До четврток температурата ќе биде до 41 степен, викендов можно е невреме

    spot_img

    До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, соопшти УХМР.

    Од утре во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

    Во Скопје до четврток ќе биде сончево и многу топло, а за време на викендот во делови од котлината во попладневните и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме.

    Максималната температура од денеска до четврток ќе биде во интервал од 35 до 41 степен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img