More

    До 31 август 2023 година, „ЕСМ Снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи

    spot_img

    До 31 август 2023 година, „ЕСМ Снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

    – Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење – соопштија денеска од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје.

    Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

    – Ги покануваме заинтересираните потрошувачи за сите неопходни информации за постапката за приклучување да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување потребно е да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на „ЕСМ Снабдување со топлина“ – се наведува во соопштението.

    Од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје посочуваат дека по завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

    – Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање на вода од системот за централно греење како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталацијата ќе се наплаќа согласно ценовникот за сервисни услуги – информираат од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img