Групацијата „Хјундаи“ најави инвестиции од 16,5 милијарди долари во производство на електрични возила.
Групацијата што која ги вклучува автомобилите „Хјундаи“ и „Киа“ денеска објави дека планира до 2030 година да произведува 1,44 милиони електрични возила годишно.
„Таквиот обем на производство би сочинувал околу 45 отсто од комбинираниот глобален производствен капацитет на електрични возила од 3,23 милиони возила во 2030 година“, се вели во соопштението на Групацијата.
Весникот „Atlanta Journal-Constitution“ минатата седмица објави дека „Хјундаи“ планира да изгради фабрика за производство на електрични возила во американската држава Џорџија.
Според објавеното, јужнокорејската компанија ќе инвестира 7,5 милијарди долари во Џорџија и ќе вработи 8.500 луѓе.
Минатата година „Hyundai Motor Group“ објави дека има намера да инвестира 7,4 милијарди долари во електрични возила, да ги надгради производствените капацитети и дополнително да инвестира во решенија за паметна мобилност до 2025 година – технологија што ќе го подобри јавниот градски транспорт.