Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13  до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина.

Ова го соопшти првиот човек на Регулаторната комисија за енегетика Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

– Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно – рече Бислимоски.

Бислимоски, како што информираа од РКЕ, ја презентира иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

– Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките- рече Бислимоски.

Тој информира и дека во земјава  во време на енергетска криза за 20% е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки, се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат со што се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30% на 15 % во првите неколку месеци од годинава.

-Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори- рче Бислимоски.

Share This Article