Тизерот покажува како ќе изгледа подводниот свет на сирената Ариел, а завршува со застрашувачката смеа на морската вештерка Урсула, чиј лик го толкува Мелиса Мекарти.
Во средата, Дизни го претстави новиот тизер за „Малата сирена“ кој ни дава подлабок поглед во светот на Ариел.
Хали Бејли глуми како Ариел, Џона Хауер-Кинг како принцот Ерик, Мелиса Мекарти како злобната Урсула, Хавиер Бардем како кралот Тритон, додека Џејкоб Трембли и Дејвид Дигс ги позајмуваат своите гласови на Флаундер и Себастијан.
Долгометражниот филм е реконструкција на истоимениот анимиран класик на Дизни од 1989 година.
„Малата сирена“ пристигнува во кината на 26 мај, пренесува CNN.