Од полноќ дизелот поскапува за 1,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар. Цената на „еуросупер БС-95“ се намалува за 1 денар, а на „еуросупер БС-98“ за половина денар.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе биде 81,5 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.
„Евросупер БС-95“ од полноќ ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ по цена од 89 денари за литар.
Нова зголемена цена ќе има и мазутот кој сега ќе се продава по цена од 46,064 ден/кг.