Пред некој ден непознат возач на црно теренско возило претепал несреќен пешак кого претходно за малку ќе го згазел на пешачки премин во близина на основно училиште во градот Петропавловск, Камчатка, објави Нет
Ова го потврди видео од надзорна камера која заврши во руските медиуми, по што голем број граѓани ги повикаа властите да го идентификуваат дивјакот и веднаш да го уапсат.
Возачот го промашил пешакот за само неколку сантиметри, а откако пешакот емотивно реагирал на искуството кое му го загрозило животот, насилникот го напуштил возилото и му удрил две шлаканици на немоќниот човек.
Потоа му удрил уште два тупаници на човекот откако тој отишол да ја провери регистарската табличка на возилото, а четвртиот удар бил толку силен што кутриот паднал наземи.
Насилникот потоа ја подигнал жртвата од земја, ѝ пружил рака за „помирување“ и заминал во непознат правец.