More

    Директорот Тасевски на финалната презентација на проектот „Анализа на работни позиции – униформиран полициски службеник и полициски инспектор“

    spot_img

    Денеска, (30.03.2023) директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во присуство на заменик амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Карим Џамџум, програм менаџерот на ИЦИТАП Програмата, Карл Кларк, советникот на Проектот на ИЦИТАП, Мајк Стаерс, претставници од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, директорот на Управа за финансиска полиција, Горан Иванов и директорката на Царинска Управа, Славица Кутиров присуствуваше на финалната презентација на проектот „Анализа на работни позиции – униформиран полициски службеник и полициски инспектор“ започнат во октомври 2022 година .

    Во проектот спроведен во пет фази чија цел беше детектирање на работните задачи што произлегуваат од работните места – униформиран полициски службеник и полициски инспектор, беа вклучени вработени од Министерството за внатрешни работи, Управа за финансиска полиција и Царинска Управа, а главен координатор на проектот е ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

    Директорот Тасевски во своето поздравно обраќање пред присутните упати благодарност до претставниците од ИЦИТАП Програмата кои работеа на овој Проект, како и до колегите од Министерството за внатрешни работи кои беа дел од техничката работна група за поддршката и заедничките напори да се дојде до финалната презентација на овој исклучително важен проект за вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, поздравувајќи ја и вклученоста и заедничката координација со Управата за финансиска полиција и Царинската Управа во овој значаен проект.

    ,,Од самиот почеток, дефинирана беше целта на проектот – детектирање на работните задачи што произлегуваат од работните места – униформиран полициски службеник и полициски инспектор и со самото спроведување се направи анализа на работниот процес на униформираниот полициски службеник и полицискиот инспектор, точно беа дефинирани работните задачи, се изработи е-платформа во која се вклучени сите работни задачи и под задачи, а со самата бројка од анкетирани 400 испитаници успеавме да го изработиме и финалниот извештај со содржани резултати од досегашното шест месечно работење“ – истакна Тасевски, честитајќи им на присутните за успешно спроведениот проект.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img