Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ во работна посета на СВР Тетово – ОВР Гостивар: откривачката дејност изнесува 78%, зголемување за 48% на откриените дела поврзани со  шверц со дрога

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска (08.08.2023) директорот Сашо Тасевски, заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност, имаа работна посета на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и ОВР Гостивар, во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Во текот на посетата беше реализирана средба со раководството на овој сектор за внатрешни работи, при што стратешката група беше информирана за  безбедносната состојба на подрачјето на СВР Тетово – ОВР Гостиваркоја е поволна и на задоволително ниво, како и состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат во рамки на „Безбедно лето 2023“.

Притоа, во текот на првото полугодие од 2023 на целото подрачје на СВР Тетово криминалитетот бележи намалување за 5%, исто како и на делата од класичниот криминал, споредбено со истиот период претходната година, а за одбележување е што севкупната откривачка дејност на полицијата од овој сектор изнесува 78%. Директорот Тасевски беше информиран дека во првите шест месеци од оваа година овој сектор за внатрешни работи  може да се пофали и со зголемување на откривачката функција за 48% компаративно со истиот период лани во справувањето со „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, односно зголемување на откривачката функција за 14% годинава се евидентирани и во областа на недозволената трговија со оружје и распрскувачки материи, споредбено со првите шест месеци лани.

За време на посетата на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај е потенцирано дека позитивни трендови се евидентирани и во сообраќајот, особено имајќи предвид дека во изминатите шест месеци од годинава на тетовските простори не се регистрирани човечки жртви, наспроти две во истиот период лани, а намалени се и бројките на лице кои се здобиле со тешки или телесни повреди. Според раководството, ова во прв ред е резултат на бројните превентивни и контролни активности преземени во периодот за кој станува збор, од типот на редовни, акциски и други контроли, кои ефектуираат со конкретни позитивни поместувања, а што претставува обврска повеќе и во наредните месеци да се продолжи со несмалено темпо и интензитет.

Инаку, како што директорот Тасевски беше информиран, заклучно со јуни, СВР Тетово реализираше и 7 превентивно-едукативни проекти, 13 превентивни кампањи и над дваесетина други тековни превентивни активности, чиј иницијатор и носител беше Отсекот за превенција, во соработка со локалните самоуправи од подрачјето и ОБСЕ. Со превентивните активности во најголем број беа опфатени ученици од основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје, како и детски градинки, а свое место во нив имаа и советодавните групи на граѓани во урбаните и руралните средини. Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ и во текот на јули се продолжи со ваквите активности во кои беа опфатени сопственици на угостителски објекти каде се одржуваат свадби, прослави и семејни веселби, а во врска со неовластено пукање од огнено оружје, употреба на пиротехнички средства или експлозивен и лесно запалив материјал, но и за неовластено точење на алкохол на малолетни лица, како и  законската обврска од навремено пријавување во полиција на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, недозволени појави и однесувања и сл., пензионерски здруженија во врска со зајакнување на мерките за  самозаштита од имотни деликти, потоа со културните уметнички друштва на кои им беше укажано на доследно почитување на законските прописи и обврската за навремено пријавување на јавни собири или културно-уметнички и забавни манифестации, како во насока на намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Share This Article