Директорот Николовски вели дека граѓаните ќе имаат 11 часа за користење – Од 1 декември се враќа евтината струја

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата, рече во интервју за Телевизија 21, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ и Директор на Агенцијата за енергетика.

– Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинставата ќе имаат 11 часа во текот на денот евтина тарифа. Праксата покажува дека декември е поладен месец и затоа и тогаш се става на располагање на граѓаните. Реално овие часови најмногу ќе ги користат пензионерите – така е и таргетирана и димензионирана затоа што во државата во која се вградиле треба да чувствуваат сигурност и стабилност – рече Николовски.

Следува период за пресметки на цените но не очекуваме струјата да поскапи, додаде тој потецирајќи дека блок тарифите ќе останат затоа што дадоа ефект.

– Блок тарифите дадоа ефект и потрошувачката се намали за 16 % минатата година. Со обновливите извори ние имаме намалено увоз на струја значително и од 30%. За 140% имаме раст за само десет месеци во споредба со минатата година, а неспоредливо е со пред 10 години кога практично и да немало обновливи извори на енергија – рече Николовски.

– После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект, кој ниту една претходна влада не покажа капацитет да го реализра – тоа е хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра. Државата, идните герации, се сакаат со реализирање на овие важни проекти. Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на земјава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 Мега Вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја – додаде Николовски во интервју за ТВ 21.

Share This Article