More

    Директорот на „Водовод“ ги негираше сите обвинувања упатени кон него

    spot_img

    Жалам што синдикалната борба за работничките права се претвори во битка на поединци со мене, рече на денешната вонредна прес-конференција директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Марјан Митовски.

    – До овој момент до мене како директор нема пристигнато пријава за мобинг. Доколку постои такво нешто јас ги охрабрувам сите во оваа намера, затоа што ова и на мене ми е во корист јавноста да ја дознае вистината – рече Митовски.

    Што се однесува до наводните пресметки, за распоредувања и откази, директорот потенцираше дека до овој момент ниту еден редовно вработен не е избркан од работа.

    – Точно е дека има хоризонтални поместувања, кои не се со решенија, односно не се трајни, туку се задолженија поради реални потреби на претпријатијето. Ниту се скратени платите овие десетина вработени, ниту се намалени бодови за плата, а исто така не се ни деградирани на било каков начин. За наводните отпуштања на вработените кои биле претходно ангажирани од мојот претходник, морам да напоменам дека на истите не им бил продолжен договорот, поради тоа што претпријатието повеќе немало потреба од нивните услуги. Исто така ги отфрлам обвинувањата дека се водат 40 дициплински постапки против вработените, и дека постојат само неколку кои биле констатирани од внатрешната контрола поради тешки повреди – објасни директорот.

    Митовски исто така го обвини претседателот на ССМ, Дарко Димовски дека сторил кривично дело бидејќи на денешната прес-конференција на синдикатите тој приложил медицинска белешка која бил доказ од судска постапка и со тоа го прекршил законот.

    По завршувањето на прес-конференцијата директорот на ЈП „Водовод и канализација“ не дозволи медиумите да му постават прашања, туку рече сите да ги достават во писмена форма и ќе им бидат одговорени, по што стана и си замина со изговор дека имал премногу работа.

    Инаку претходно Синдикалната организација на „Водовод и канализација“ и Синдикатот на угостителство, туризам и комунални дејности (СУТКОЗ) денеска побараа од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да го разреши в.д. директорот на претпријатието Марјан Митовски поради, како што велат, незаконско работење.

    Претседателот на синдикалната организација на „Водовод“ Стојанче Кашиковски, посочи дека сите нивни активности не се насочени кон градоначалничката на Град Скопје, туку дека бараат помош од неа за да се справат со новонастаната ситуација во претпријатието и, како што тврдат, незаконското работење на в.д. директорот кој не ги почитува одлуките на Управниот одбор. Од синдикатот беше презентиран и документ од специјалист дека в.д. директорот има „мешано анксиозно и депресивно растројство“.

    – Градоначалникот именува директори на јавните претпријатија и градоначалникот разрешува директори на јавни претпријатија и согласно тоа ја сноси целокупната одговорност за нивните постапки и активности, како и ја сноси одговорноста за нивниот избор и назначување – истакнаа денеска од синдикатот.

    Синдикатот донесе одлука за користење на правото на штрајк која се очекува утре да биде потврдена на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img