Директорот на Центарот за уравување на кризи денеска револтиран од тоа што надлежните и по неколку месеци од пријавата не ја санирале дупката на надвозникот во визбегово, денеска со видео снимка покажа кои се опасностите од бетонските делови што висат од надвозникот.
-Можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112 – рече Ангелов.