More

    Директорот на кардиохирургија кршел закони, обвини Демири

    spot_img

    Министерот за здравство, д-р Илир Демири, во однос на ставот на Државната комисија за спречување корупција, за разрешувањата на медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија и на Клиниката за токсикологија информира дека тие биле поради пропусти во нивната работа.

    – Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохирургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативи. Во Република Северна Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај. Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но тој не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи. Би сакал да ја информирам Државната комисија за спречување корупција дека обврска на министерот е безбедноста на пациентите и безбедноста на сите вработени во јавното здравство – рече Демири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img