Директорот на Австралија опен најави ново „правило“ за Грен-слемот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли изјави дека обезбедувањето ќе ги избрка од трибините гледачите кои ќе го „закачаат” и провоцираат Новак Ѓоковиќ.

Минатата година Србинот беше депортиран од Австралија поради проблеми со визата поврзани со одбивањето да се вакцинира против коронавирус.

– Ако им пречат на другите да уживаат во натпреварот, ќе бидат отстранети од трибините. Не сакаме такви гледачи. Тие можат да се држат настрана или ние ќе ги избркаме – додаде Тајли.

Грен-слемот во Мелбрун ќе се игра од 16 до 29 јануари.

Share This Article