Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски ќе чека формално да ја добие одлуката на Наставно научниот совет дека е избран за асистент на Факултетот за безбедност па потоа ќе каже дали ќе се откаже од директорското место на АНБ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски ќе чека формално да ја добие одлуката на Наставно научниот совет дека е избран за асистент на Факултетот за безбедност па потоа ќе каже дали ќе се откаже од директорското место на АНБ.

На синоќешна онлајн седница на Наставно научниот Совет на Факултетот за безбедност за асистент е избран токму Бојан Христовски.

Деканот на Факултетот за безбедност Јонче Ивановски за Телма потврди дека изборот на Христовски за асистент е потврден на вечерната онлајн седница на Наставно научниот Совет на факултетот. Тој е избран за асистент по криминалистички науки. Вчера напладне пропадна првиот обид за избор на Христовски бидејќи Советот немаше кворум.

Деканот Ивановски ни рече дека изборот е направен поради роковите. Знаат за постапките за Христовски во надлежните органи, но досега ниту Обвинителството ниту Антикорупциска комисија (ДКСК) не им го побарало досието на директорот на АНБ во кое е и сертификатот за англиски јазик од школото во Пловдив, кое всушност не издава такви ТОЕФЛ сертификати.

– Немаме ниту истражни надлежности и не можеме да поништиме постапка за избор врз основа на незавршени предмети во други институции – изјавил деканот на Факултетот за безбедност.

Според него, доколку Христовски сака да стане асистент на Факултетот треба да си даде оставка и да поднесе отказ во институцијата каде што работи.

Доколку Христовски не даде отказ во АНБ и до крајот на годината, до кога трае финансиската согласност од Министерството за финансии за вработување на нов асистент, процедурата се поништува и тој оглас се повторува.

Share This Article