More

    Директорот на Агенцијата за лекови се соочи со Анкетната комисија за скандалот на Онкологија

    spot_img

    Пациентите да бидат спокојни. На пазарот во Македонија ги има лековите од сите реномирани фармацевтски производители, како и лековите што ги користат западноевропските држави.

    Ова го изјави Роберт Бекироски, директор на МАЛМЕД, Агенцијата за лекови и медицински средства, одговарајќи на прашања пред собраниската Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

    Уште од неговото доаѓање во Агенцијата за лекови и медицински средства, во јануари 2019, тој лично иницирал да се формира електронски систем, каде што може електронски да се вршат регистрациите на одобренијата на сите лекови и медицински средства.

    – Сите лекови што ги има на пазарот во нашата држава, вклучувајќи ги и биолошките лекови, се 3.920, регистрирани на пазарот во нашата држава. Ние немаме можност да направиме селекција согласно нашиот систем, бидејќи во моментот, истиот е уште во имплементација и така натаму, да ги делиме биолошките лекови. Во делот на прашањето за веледрогериите, има многу, тоа се некаде околу 487 што редовно, секојдневно поднесуваат увоз врз основа на решението добиено за регистрација од Агенцијата за лекови. Зборувам за регистрираните лекови. Имаме можност да дадеме и увоз на нерегистрирани лекови, согласно Законот за лекови. Ние секојдневно имаме барање за увоз и на регистрирани и на нерегистрирани лекови – појасни Бекироски, одговарајќи на прашања.

    Во овој случај, за којшто е свикана Анкетната комисија, МАЛМЕД не е надлежен – увозникот, веледрогеријата, не треба да поднесе барање, каде треба да се достави дали тендерска документација или слично, за да прикаже за која клиника.

    Одлуката за формирање анкетна комисија беше донесена на 20 септември откога по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

    Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img