More

    Директорот Мемеди вели дека случајот е затворен, нема да има дисциплинска

    spot_img

    Директорот на Клиниката за детски болести д-р Реџеп Мемеди на прес-конференција изјави дека случајот со 3-месечното бебе е затворен откако двете страни се помириле.

    Претходно семејството на тримесечното бебе обвини дека медицинска сестра од Детската клиника насилно постапувала со бебето поради етничка нетрпеливост, бидејќи како што кажаа „одмаздата“ случила затоа што мајката не знаела да говори македонски.

    – Се утврди дека немало апсолутно никаква намера на медицинската сестра за нанесување повреда, туку модринките на десната рака настанале додека се земала венска крв за анализи на 11 јули. Тогаш две медицински сестри биле присутни. Едната ја фиксира раката на детето, надлактицата и подлактицата, а другата сестра боцка вена. Како последица на механичкиот притисок настанале хематомите на десната надлактица и подлактица. Најверојатно причина за алармирање од родителите е едно недоразбирање меѓу дедото на детето и медицинската сестра кое се случило претходно на 7 јули 2024 година и тоа што семејството ја загубило довербата во медицинската сестра. Вчера направив средба меѓу родителите на доенчето и медицинската сестра. Родителите на детето се покажаа доблесни, а медицинската сестра изрази спремност да се согласат дека настанот е повеќе последица на погрешна комуникација и недоразбирање и си дадоа рака на помирување. Откако се постигна помирување на двете страни, комисијата ја прекина својата работа – рече директорот Мемеди.

    Новинарските го прашаа директорот зошто не беше сослушана медицинската сестра пред да се оцрни нејзиното име и дали се избрза со прерани заклучоци.

    – Нема да има дисциплинска. Се затвори случајот, немало никаква лоша намера ни од страна на сестрата ни од страна на родителите на бебето. Вакви случаи имало и порано, сега се направи малку повеќе бука ама секако дека продолжуваме да бидеме на ниво на задачата – рече Мемеди.

    Тој истакна дека вчера комисија од четири члена ги разгледала сите информации, факти и изјави на медицинската сестра и родителите на доенчето.

    Инаку, за модриците кои се појавиле на раката на бебето, семејството ја обвини медицинската сестра со 15-годишен стаж, дека намерно му ги предизвикала како одмазда поради тоа што мајката не зборува македонски јазик, туку само албански. Но, бебето имало наод за тромбоцитопенија, медицинска состојба од која се јавуваат модрици на кожата, таа е поосетлива, а било склоно и кон крвавење.

    Од разврската на ситуацијата, комплетно е негирана првичната теза што ја нафрли семејството – дека врз бебето е вршено „физичко насилство“ од страна на медицинската сестра со 15-годишен стаж на Клиниката.

    Претхондо министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека го чека извештајот од Комисијата формирана на универзитетската Клиника за детски болести по повод случајот со тримесечното бебе со модринки по телото на оваа клиника, за што вчера само бил брифиран од новоназначениот директор на таа Клиника Реџеп Мемеди.

    – Јас вчера бев брифиран од директорот на Клиниката за педијатрија дека случајот е разгледан, разговарано е. Според него, повеќе е невнимание од сестрите со бебе кое што било немирно, меѓутоа не сакам дефинитивно да кажам оти немам писмено испратено. Меѓутоа, преземени се одредени дисциплински мерки и медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти без разлика на етничката припадност, а посебно со децата. Јас се надевам дека мерките што ќе ги преземе Комисијата заедно со директорот ќе се ефектуираат, а ако се повтори повторно, јас мислам дека тогаш веќе веднаш треба да се исклучи медицинскиот кадар. Некакви докази дека намерно тоа е направено нема, така што, јас кажав и на почетокот – да бидеме внимателни да ги слушнеме и двете страни. Не верувам дека постои здравствен работник којшто би бил подготвен да повреди дете од три месеци. Да бидеме внимтелни. Очекувам писмено да ги прочитам сите констатации од Комисијата од Клиниката за педијатрија па повторно ќе ве известам – рече Таравари во Собранието во изјава за медиумите каде учествуваше на седница на собраниската Комисија за здравство.

    Прашан за кого се води дисциплинска постапка во врска со случајот, тој рече дека таа е покрената за две лица, од кои една е медицинска сестра.

    – Најверојатно за медицинска сестра и некој од болничарите. Меѓутоа, повторно не сум сигурен. Очекувам писмено да ми бидат испратени. Вчера бев брифиран само од директорот. За медицинската сестра знам сигурно, но за вториот не знам кој е – појасни Таравари.

    Од Здружението на медицински сестри апелираа да не се фрла сенка врз професијата и да не се генерализира, и нагласија дека очекуваат надлежните да излезат со вистински аргументи и факти за случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img