More

    Директорот Ковачевски објаснува како ЕСМ стана шампион во штедење струја

    spot_img

    АД ЕСМ треба да биде пример како да се штеди енергијата. Максимално се придржуваме кон мерките на штедење што ги препорача Владата, а имаме и дополнителни мерки. Намалено греење на нула, намалени осветлувањата, намалена друга потрошувачка.., рече денеска генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски.

    Владата вчера соопшти дека најголема заштеда на струја минатиот месец, по донесувањето на одлуката за рационално трошење струја, направило АД ЕСМ, со вкупно 75 отсто од потрошувачката.

    Одговорајќи на новинарско прашање како ЕСМ успеа да заштеди струја кога фасадата на зградата на седиштето на ЕСМ сè уште не е направена, Ковачевски рече дека наредниве денови ќе објави детални одговори.

    – Имаме производна цена и цена на берзите. Доколку ја купувавме таа енергија сигурно ќе беше многу повеќе. По производната цена ќе излеземе во текот на наредните неколку денови со точно и прецизно објаснување како и на кој начин ги направи овие заштеди ЕСМ, колку заштеди финансиски и како е планот за наредниот период. Оставете во наредните неколку денови и официјално ќе биде соопштено на кој начин ги правиме заштедите, не само во дирекцијата, туку и во нашите производни единици – нагласи Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img