More

    Директорот Илиевски обвинува дека Управниот одбор сака да го остави Скопје без вода

    spot_img

    Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје Драган Илиевски денеска преку соопштение информира дека Управниот одбор на претпријатието донел одлука за прекинување на работниот однос на привремено вработените во претпријатието, главно технички персонал – водоинсталатери и инкасатори за кои има недостиг.

    Во соопштението за јавност Илиевски посочува дека со оваа одлука на Управниот одбор се нанесува штета во работењето на претпријатието и нормалното снабдување со вода на градот.

    Тој наведува дека за отпуштање на техничкиот персонал во Управниот одбор гласале претседателот на Управниот одбор Идриз Орана и членовите на Одборот од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Во исто време ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за превработеноста во претпријатието од времето на нивното владеење, кога станува збор за вработувања на административните позиции на кои се наоѓаат нивните партиски војници. И додека претпријатието е превработено со административци, ЈП Водовод и канализација се соочува со сериозен недостаток на технички персонал како водоинсталатери и инкасатори кои сега членовите на Управен одбор ги бркаат од работа“, се вели во соопштението.

    Според директорот на ЈП Водовод и канализација со оваа одлука директно се загрозува безбедноста на градот и редовната испорака на услугите до граѓаните, а за тоа според него најодговорни се членовите на Одборот од ВМРО-ДПМНЕ.

    „За членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Управниот одбор не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП Водовод и канализација до секој дом во главниот град. За ВМРО-ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски вработувања во администрација по системот ‘клати врата, земај плата’. Кај оваа група на луѓе не постои ниту една скрупула која нема да ја погазат. Последно е прекинувањето на договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП Водовод и канализација кои со години работат во ова претпријатие. Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка е да се предизвика нов хаос во градот Скопје, притоа воопшто не грижејќи се за потребите на граѓаните на главниот град, нивната безбедност и со Устав загарантираното право на испорака на вода. За ВМРО-ДПМНЕ единствено е важен партискиот и политичкиот интерес“, наведува директорот на „Водовод и канализација“ во соопштението.

    Во меѓувреме, реакција пристигна од ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека сите членови на Управниот одбор на Водовод и канализација се избрани од градоначалничката Данела Арсовска.

    „Градоначалничката Данела Арсовска, треба веќе да знае дека Управниот одбор на Водовод, е нејзин, поточно на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, кое е претпријатие на Градот Скопје. Сите членови на Управниот одбор се избрани и именувани на предлог на Данела Арсовска. И пред да почне да реди етикети за нејзиниот Управен одбор, преку нејзиниот поданик директорот Драган Илиевски, треба да се информира за своите претходни одлуки. Колку што сме ние запознаени Управниот одбор работи согласно законот и статутот на претпријатието. Очигледно во Градот Скопје постои неспособност, голема неспособност и Данела Арсовска“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img