More

    Директор АО: Многу разговарав со Новак

    spot_img

    Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, со нетрпение го очекува враќањето на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

    Од познати причини Ѓоковиќ не настапи на турнирот на кој е деветкратен шампион во 2022 година, но ситуацијата сега е променета.

    „Фокусирани сме да го пречекаме Ѓоковиќ кој ќе пристигне следната недела. Ќе игра во Аделаида, а потоа и на Австралија опен. Многу зборував со него во текот на годината, тој е голем шампион. Тој е во одлична форма и ќе биде фаворит. Тој е популарен во Австралија, има голема база на фанови овде“, рече Тајли и додаде:

    „Последните две години беа тешки за целиот свет, не само за Австралија Опен. Ако направите чекор назад и погледнете, тие околности беа надвор од наша контрола. Дали сакаме да не се случи? Апсолутно. Дали направивме се што можевме во тој момент? Да ние сме”.

    Отвореното првенство на Австралија започнува на 16 јануари, а бранител на титулата е Рафаел Надал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img