More

    Дипломатските односи не се нарушени, не смее да има тензии, порача Курти во Скопје

    spot_img

    Непријатно искуство, а не провокација. Жалење, а не извинување. Решителна истрага и официјален извештај, за да се утврдат фактите за инцидентот. Решеност ова веќе да не се повтори. Понуда од македонскиот премиер тој лично да ја придружува косовската претседателка при нејзиното следно полетување од скопскиот аеродром, за да биде сигурно дека нема да има нови непријатности.

    Ова се поентите што на денешната прес-конференција во Скопје ги соопштија премиерите на Косово и на Македонија, Албин Курти и Христијан Мицкоски, во врска со инцидентот на Скопскиот аеродором.

    Курти потврди дека косовската претседателка Вјоса Османи доживеала непријатно искуство на аеродромот во Скопје, особено поради тоа што таа била заедно со семејството, односо со двете мали ќерки. На прапшањето дали од македонската страна добил извинување за инцидентот, Курти одговори.

    – Државниците во Македонија изразија жалење и наскоро ќе има официјален извештај со кој ќе се расчисти целосно овој случај – рече Курти.

    На прашањето дали сѐ уште Косово го смета инцидентот на аеродромот како директна провокација.

    – Не знам дека сме имале таков став. Можеби некој го кажал тоа, но не и институциите на Република Косово. Косовското МНР даде свој став и нашата цел треба да биде вистината да излезе на виделина и не смее да има тензии. Јас и премиерот Мицкоски не можеме во исто време да сме премиери, цариници, полицајци и граничари. Во однос на суштината на прашањето, верувам дека сите потребни мерки се преземаат и дека нови слични инциденти нема да се случуваат во иднина – одговори Курти.

    Тој нагласи дека Курти дипломатските односи помеѓу двете земји не се воопшто нарушени.

    Не само што не се нарушени дипломатските односи, туку тие ќе добијат уште подобра димензија во иднина, додаде Мицкоски.

    – Што се однесува до случајот, ќе повторам дека разликата помеѓу овој случај и претходните два случаја, кои се случиле на скопскиот аеродром, е тоа што сега има јавност. Јас слушав изјави од типот дека некои политичари црвенееле од срам, но претпоставувам дека црвенеат и поради двата слични инцидента кои се случувале и во 2023 година. Но, сега имаме јавност, а тогаш немаше јавност. Оваа влада е демократска и отворена, а не е како претходната. Уште еднаш ќе кажам дека жалиме за инцидентот. Се понудив следниот пат кога ќе патува Вјоса Османи, лично јас да ја пречекам на скопскиот аеродром и ќе ја придружувам сѐ додека не го напушти аеродромот. Што се однесува до лицето кое го предизвикало инцидентот на аеродромот, ако извештајот покаже дека е виновно, тогаш сигурно ќе има одговорност за тоа лице. Додека јас сум премиер, лица над законот нема да има – изјави Мицкоски.

    Претоходно, двајцата премиери се согласија дека двете земји имаат зголемена трговска размена од околу половина милион евра.

    – Продолжуваме да имаме добра соработка. Јас сум оптимист за иднината – порача Курти од Скопје.

    Двајцата премиери разговарале и за барањата за екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, како и за прашањето за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК  Блерим Рамадани, кој се наоѓа во домашен притвор во Скопје.

    Овие прашања, како што посочија двајцата премиери на денешната заедничка прес-конференција во Скопје, ќе продолжат на ниво на министри за правда.

    – За овие две прашања дискутиравме и нашите соодветни министри за правда ќе бидат во постојан и директен контакт. Се ќе биде во функција и правец на општата вредност која е заснована на уставот и законите, постапките и институционалните процедури во двете држави, но исто така, и во рамки на добрите соседски и европски односи кои што ние сакаме да ги негуваме – изјави Курти, одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

    Случајот на двајцата бегалци, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, нагласи Курти, исто така е отворен како предмет и во косовското Специјалното јавно обвинителство.

    –  Случајот на двајцата бегалци сега е отворен како предмет во Специјалното јавно обвинителство на нашата држава, а исто така, и за лицето кое сега веќе се наоѓа во домашен притвор во Република Северна Македонија со барањето за екстрадиција и овој случај е разгледан и се надеваме дека што побрзо ќе бидат затворени овие два случаи, со цел и законите да бидат спроведени, но и нашите добрососедски односи да бидат запазени и да се негуваат – изјави Курти.

    За тоа дали на средбата било разговарано и за приведувањето на Рамадани од македонските власти, косовскиот премиер рече дека и тоа било дискутирано на денешната средба, нагласувајќи дека „нема прашање ниту тема која е важна, а која не беше дискутирана“.

    – Ова беше отворена, сериозна и искрена средба затоа што одржливите односи се градат само на овој начин. Дискусијата ќе ја продолжат нашите двајца министри за правда – изјави Курти.

    Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека косовскиот премиер Курти веќе дал одговор на ова прашање и дека би било бесмислено да се повторува, но дека во интерес на транспарентноста ќе повтори.

    – Министрите за правда ќе продолжат да соработуваат не само за овој случај, и за случајот „Монструм“ исто така, и очекуваме, како што кажав на самиот почеток добрите добрососедски и билатерални односи само да одат во позитивен правец, а не да уназадуваме. Напротив, оваа средба е порака дека сакаме да ги зголемуваме и да ги подобруваме односите меѓу двете влади – нагласи Мицкоски.

    Министерот за правда Игор Филков, на 31 јули годинава изјави  дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.

    Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, беше приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје, по што на барање на Обвинителството за организиран криминал најпрво му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Кривичниот суд, минатата недела одлучи Рамадани, од екстрадициски притвор да премине во куќен притвор во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img