More

    Димовски в петок ќе објаснува за државјанството пред собраниската Комисија

    spot_img

    Ми се јави директорот на Агенцијата за национална безбезбедност (АНБ), Виктор Димовски, и ме информираше дека во петок ќе присуствува на собраниската седница на Комисијата за надзор врз работата на АНБ и дека тогаш ќе ги изнесе сите детали околу државјанството на контроверзниот украински политичар Олександр Онишченко, истакна претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов.

    Тој вели дека седницата може да биде од отворен или од затворен карактер, но за тоа ќе одлучи самиот Димовски.

    – Седницата е закажана за утре напладне, но Димовски ќе дојде в петок, бидејќи два дена е на службен пат во Брисел. Ми се јави и ме извести дека нема да биде присутен во земјава, но дека сака лично пред Комисијата да ги каже своите ставови околу доделувањето македонско државјанство на Украинецот Онишченко. Така што, јас утре ќе ја отворам седницата, ќе ги поделам материјалите на членовите и ќе го утврдиме дневниот ред. Но, седницата ќе продолжи в петок кога ќе присуствува и директорот на АНБ. Седницата засега е отворена за јавноста, но доколку Димовски побара, таа ќе биде од затворен тип – вели Пренџов.

    Контроверзниот Онишченко го доби македонскиот пасош по иницијатива на Федерацијата за коњачки спортови од каде оцениле тој може да придонесе за развој на овој спорт.

    Засега не е јасно како е можно името на Олександр Онишченко да се протнало низ македонските институции, кога при првото пребарување на интернет сервисот „Гугл срч“ за неколку секунди се појавуаат стотици информации дека Онишченко е контроверзен и криминализиран лик, во самата Украина, па и во САД. Многу лесно можат да се склопат коцките на неговата биографијата, и не е можно овие информации да биле невидливи за македонските разузнавачи.

    Едното објаснување е дека безбедносната проверка напросто не функционира, затоа што за неа се задолжени кадри што не знаат како да ги извршуваат основните работни задачи. Другото објаснување е дека системот е длабоко и неповратно корумпиран, односно дека тие што требале да дадат позитивно мислење, многу добро знаеле кој е Онишченко, но имале мотиви да одлучат позитивно. Јавното обвинителство има основа да испита за какви мотиви станува збор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img