Димитриеска-Кочоска: Обврските се сервисираат со Ребалансот, но се уште изненадуваат недоспеани обврски

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ребалансот на Буџетот, којшто го изготвивме во првите 100 дена, веќе се реализира. Веќе се исплаќаат обврските за кои претходната Влада немаше доволно средства испланирано, а се покриваат и доспеаnите обврски за кои исто така беа обезбедени средства со Ребалансот. Но она што не изненадува е појавувањето на дополнителни недоспеани обврски. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на Тв Алсат.

„Состојбата беше алартматна што ја затекнавме. Беше реализиран 71% од дефицитот, што значи несразмерно многу беше потрошено во првата половина од годината. Оставени сметки речиси без средства. Односно 47 милиони евра на девизната, а долгот беше поголем само за кредити на ЈП што не можеле да ги платат самите и денарска сметка која беше во огормен минус од над 60 милиони евра, а доспеаните обврски кои уште и ден денес не изненадуваат, се над 200 милиони евра. Овие податоци се врз основа на она што е пријавено во МФ. Но од разговорите што ги имавме во изминатиот период со министрите откривме и многу други работи. Како на пример дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството има минус на еден цел буџет, односно 150 милиони евра. Значи се уште има многу обврски коишто не се евидентирани во Министерството за финансии. Затоа побарав да се направи вонредна ревизија за што направивме тимови коишто ќе рабоотат на констатирање на доспеани обврски во рамки на институциите “, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа се осврна на новиот Буџет за 2025 година, за што наведе дека тој е при крај со подоготовка и дека приоритет ќе биде поддршка за инфраструктурата за капитални инвестиции, ќе продолжи проектот со општините во износ од 250 милиони евра, инвестиции во МФ и други институции за дигитализација, здравство, обрзование и слично. Исто така обезбедени се средства за зголемуањето на пензиите, а се прават и напори за раст на платите во основно и средно образование, како и во здравството особено за медицинските сестри и техничкиот персонал.

Во однос на средствата за проектите за општините со Ребалансот на Буџетот, наведе дека сите предвидени 6 милијарди денари се распределени по Министерствата преку кои ќе се реализираат проектите и дека најголем дел се во Министерството за транспорт и врски каде се планирани преку две ставки. Појасни дека сепак однапред не можело да се испланираат средствата затоа што не е познато кои проекти ќе бидат поднесени и поддржани.

Share This Article