Диетата на Колинда Грабар-Китаровиќ со која ја доведе линијата до совршенство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ за порталот „24сата.хр“ откри како ја одржува линијата долги години и кои се тајните и триковите на нејзината кујна и здрава исхрана.

Колинда рекла дека не практикува нискокалорични диети. Таа истакнала дека не јаде намирници богати со празни калории, туку ги заменува со намирници богати со хранливи материи, па така помфритот го заменува со грчка салата.

 

„Не бројам калории, но внимавам на гликемискиот индекс на храната. Не консумирам никаков додаден шеќер или калорични пијалаци. Целосно го исклучив додадениот шеќер од исхраната, а солта и скробот ги намалувам како колку што можам“, рекла поранешната хрватска претседателка. Таа додала дека од маснотии консумира само маслиново масло.

– Обожавам пица, но ретко си ја дозволувам, само кога сум надвор со добро друштво. Кога нарачувам пица, мора да биде полна со зеленчук. За среќа, навистина обожавам зеленчук и салати и не можам да живеам без нив, исто како без добра супа или вариво“, додала таа.

Таа признава дека сака на нејзиното мени да има приморски јадења направени од зеленчук, мешунки и грашок, многу зелен лиснат зеленчук и друг зеленчук без или со малку скроб, многу различни салати, риба, пилешко, јаткасти плодови.

„Сакам авокадо, но тука е тешко да се најде добро и доволно зрело авокадо“, додава Колинда.

- Advertisement -
Ad image

„Мошне малку тестенини мешам со резанки од тиквички кои ги правам сама. Малку ги посолувам за да се ослободи водата, ги цедам и загревам во тавче со нелепливо дно за да останат крцкави и ги мешам со болоњезе сос“, објаснила  поранешната претседателка.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article